|
|
 |
|
|
|
|
|
|
| Онака од ќеиф Литиум Ви доделува една четиридневна влезница за фестивалот Егзит. Има уште неколку дена до почетокот на фестивалот, па си викаме, ај да Ве почестиме. Таа/тој што ќе ја посака картата, нема да мине лесно. Колку да не биде без ич, напишете продолжение на нашата народна мудруст "Кога е гага...", но не оригиналното. По Ваш мерак. Потоа, првостепената комисија на Литиум ќе ја одреди најшизичката, а "авторот" ќе замине на Егзит. | | 04.07.2008 |  |
|
|
| Се ближи денот за заминување на најдобриот европски фестивал. На Егзит се упатуваме во Среда (09.07) во 23 часот и 45 минути од паркингот спроти зградата на Нова Македонија во центарот на Скопје... | | 04.07.2008 |  |
|
|
| Ве известуваме дека посетителите на фестивалот Егзит од Македонија своите ваучери ќе можат да ги заменат за фестивалски влезници на рецепцијата на Егзит кампот и во подножјето на Петроварадинската тврдина... | | 04.07.2008 |  |
|
|
| На 3.07 Мизар ќе настапат во Макарска на отворањето на "Макарско Лето" заедно со најголемиот хрватски бенд во моментов, Хладно Пиво. На концертот на кој се очекуваат над 10000 луѓе, со посредство на Литиум ќе се најдат и вечните Мизар. Ова е речиси седумдесетиот извоз... | | 26.06.2008 |  |
|
|
| Организацијата Exit која стои и зад Tuborg Green Fest ги чести сите кои се пријавиле на Exit Music конкурсот. На над 700 бендови, соло артисти и ДиЏеи ќе им бидат доделени бесплатни влезници за Tuborg Green Fest-от кој ќе се одржи на 2 Јули во Белградската Арена. Покрај Franz Ferdinand, на фестивалот ќе настапат и Cypress Hill и The Raveonettes. Значи, сите оние кои се пријавиле на Exit Music нека очекуваат повик од организаторите со детално објаснување. | | 26.06.2008 |  |
|
|
| Во Среда на 25 Јуни Фолтин тргнуваат на турнеја во Франција ,Белгија и Балканот. Откако ги доставија сите потребни документи (име, презиме на родителите, моминско презиме на мајка, листа на инструменти и година на производство ... ) до затворот Prison de Meaux во Париз , Фолтин се спремни да ги забавуваат 50те затвореници кои нестрпливо чекаат на нашите фолтиновци... | | 24.06.2008 |  |
|
|
| Со огромно задоволство ве известуваме дека главната бина на овогодинешниот фестивал Егзит доби ново име. Суперхикс! Нашиот состав кој следната година ќе слави петнаесет години од своето постоење ќе ја има честа да свири на најдобриот европски фестивал... | | 20.06.2008 |  |
|
|
| Ве известуваме дека пуштени се во продажба пакетите за организиран превоз до фестивалот Егзит и назад. Превозот во двата правци чини 2490 денари, а четиридневниот билет 3410 денари. Автобуските билети за превоз во двата правци се продаваат во Југотон, ГТЦ. Информации на 02/3239860 или на dejan(at)jugoton.com.mk | | 18.06.2008 |  |
|
|
| Листата на македонски изведувачи на Егзит08 во која беше запишан Кирил со неговиот оркестар (GAEA, Серчук) се продолжи со нови три имиња. Значи, покрај Converse Fusion Stage на која ќе настапи Кирил, наши изведувачи ќе има и на Future Shock сцената. Потврдени се настапите на Chemical Voodoo, Fighting Windmills и Културно Уметнички Работници. | | 18.06.2008 |  |
|
|
| Кирил Џајковски, GAEA (NYC) и оркестарот Серчук продолжуваат со сензационалните настапи. По Загреб (04.06) следуваше свирката во клубот Colosseum (07.06) на која присуствуваа над 2000 луѓе, каде што Кирил за прв пат и се претстави во овој состав на домашната публика. Потоа дојде настапот во Бања лука (14.06), дел од фестивалот за краткометражни филмови, Краткофил. На Conвerse Fusion Stage на Егзит Кирил ќе настапи на 12 Јули. На повеќе ја имате веста пласирана од организаторите на фестивалот Краткофил. Текстот зборува сам за себе... | | 17.06.2008 |  |
|
|
| Во петокот (13.06) Паркети настапија на мото фестот организиран од Ноќните Волци. Свирката беше одлична, а Паркети, т.е. 4 шестини од составот уште еднаш го манифестираа својот фетиш и си се слекоа голи на сцена. Нормално, без чупето и Пецка-паркет. Литиум Ви ги претставува Паркети... Екслкузивно, на повеќе... | | 16.06.2008 |  |
|
|
| Младата британска ѕвезда M.I.A. ја откажа целата европска турнеја само неколку дена пред нејзиниот почеток. Нејзиниот настап на Егзит фестивалот беше планиран за 10 Јули, четврток. | | 11.06.2008 |  |
|
|
| Sure Shot Entertainment на со огромно задоволство ви го најавува најхаризматичниот Балкански Хип Хоп артист Едо Маајка во летниот клуб Хард Рок. Точно на полноќ на 22 Јуни/недела Едо ќе има свој голем концерт и промоција на својот најнов албум со наслов “ Балканско а Наше “ кој излезе пред точно еден месец ... | | 06.06.2008 |  |
|
|
| Кирил Џајковски и неговиот оркестар (GAEA, NYC и Оркестар Серчук) ја започнаа својата балканска турнеја. Настапот во Загреб кој се одржа во средата (04.06) на VIPin Music фестивалот беше... Експлозија! По него следуваат концерт во клубот Colosseum во Скопје (07.06), настап на фестивалот за кратки филмови Kratkofil во Бања Лука (14.06) и фотофиниш (сега за сега!) на Exit08 (12.07)... | | 06.06.2008 |  |
|
|
| Afrika Bambaataa, американски рапер, ДиЏеј, продуцент и еден од творците на хип хоп звукот, ќе настапи на главната бина на Егзит фестивалот во сабота, 12 Јули, во рамките на “Main Stage After 2” програмата. Ова воедно ќе биде еден од ретките овогодишни настапи на еден од најзначајните луѓе во модерната музика... | | 02.06.2008 |  |
|
|
| ВИП ложата за настапот на LORD of the Dance, во салата "Борис Трајковски" , што ќе одржи во сабота (31.05) штотуку е распродадена. Влезници за партерот има речиси 30, а карти за трибините околу 500. Продажбата во Југотон, ГТЦ е проследена со неверојатен интерес, а адресата info@lithiumrecords.com.mk и телефонот 2775430 буквално горат. | | 28.05.2008 |  |
|
|
| ...И официјално See-Me Awards ја објави листата на номинации за најдобрите настани во Југоисточна Европа. Во главната категорија за најдобар настан, Таксират се најде во силна конкуренција. Нашиот изборен слоган е: "Дал си сестра или брат, кликај за Таксират". Тука | | 27.05.2008 |  |
|
|
| На 29 Мај Суперхикси ќе ја имаат првата концертна промоција на албумот “…И сега, Што???” во Прилеп. На свеченото отворање на спортско рекреативниот центар “Могила” ќе можат да се чујат новите песни во живо. Секако и постарите... Ќе има и засилување од специјални гости, така да подгответе се! Инаку, Суперхикс во саботата настапија во Нови Сад пред 10000 луѓе заедно со Партибрејкерси. Фотки на повеќе... | | 06.06.2008 |  |
|
|
| Фолтинци, пред неколку часа го промовираа своето најново издание, „Оваа трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо“. Во мезе барот Сопотско, битолчаните ја презентираа 22 минутната плоча, која претставува композициска целина составена од 5 песни...
| | 16.05.2008 |  |
|
|
| Драги наши. Литиум има потреба од волонтери кои би биле ангажирани следната недела. Ајде малку ентузијазам, луѓе! Работата го краси волонтерот! Сите што се заинтересирани да пишат на anastasija@lithiumrecords.com.mk. Ве чекаме! | | 14.05.2008 |  |
|
|
| Фестивалот Егзит и оваа година ја отвори вратата за сите заинтересирани соло изведувачи, бендови и диск џокеи од целиот свет, без разлика на музичкиот стил. Конкурсот за изведувачи на Егзит трае уште нешто повеќе од недела дена, до 20 Мај, а до сега се пријавија 300 бендови, диск џокеи, музичари... | | 13.05.2008 |  |
|
|
| Ви највуваме свирка на еден од нашите омилени бендови. Бла Бла Бла ќе настапат во клубот Кастро во петок на 16.05. Влезницата чини 150 денари, а на повеќе ја имате нивната убава приказна. Се гледаме... | | 09.05.2008 |  |
|
|
| Од утре (петок, 09.05) започнува продажбата на влезниците за шоуто на сензационалните Michael Flatley’s LORD of the Dance. На располагање имате три вида на влезници: од 600 ден; 800 денари и ВИП билет од 1200 денари. Цената на билетот зависи од местото на седиштето во салата. Влезниците за настапот на Лордовите на Michael Flatley кој ќе се одржи ва 31 ви Мај во салата “Борис Трајковски” можете да ги набавите во Југотон, ГТЦ. Резервации на info@lithiumrecords.com.mk. | | 08.05.2008 |  |
|
|
| По нивниот спектакуларен настап во Македонија во 2005 г; кој предизвика дотогаш невиден интерес - 4 распродадени претстави, овојпат Лордовите ќе настапат во новата сала “Борис Трајковски” во Скопје со капацитет од 8500 седишта. Во новата сала публиката ќе може целосно да ужива во ова светски реномирано шоу во вистински сјај: на бина од 25 метри, без импровизација, со сите потребни технички и пиротехнички ефекти кои пристигаат од Англија и ја пратат целата нивна Источно Европска турнеја!!! | | 05.05.2008 |  |
|
|
| Планираната турнеја на Суперхикс во Франција која требаше да започне на 7 и трае до 17 мај е одложена за септември поради несредените документи за виза. Инаку веќе 2 недели чекаме да се смилува министерот за Надворешни работи да потпише еден лист хартија кој се нарекува НОТА и го добивавме редовно - последните 5 години за избегнување на тормозењето по амбасади. Ова не е пријатна ситуација за Литиум кој е букер на турнејата, а уште помалку за изведувачите. И СЕГА...ШТО??? | | 05.05.2008 |  |
|
|
| Кратко инфо во врска со престојните настапи на Фолтин: Денес 02.05 настапуваат во легендарниот културен центар Метелкова во Љубљана додека утре имаат закажанао настап во Виена на BALKAN FEVER FESTIVAL-от (http://www.balkanfever.at) | | 02.05.2008 |  |
|
|
| "...И Сега Што???", новиот албум на Суперхикс излегува утре (03.05) како подарок во Нова Македонија во 30000 (триесет илјади!!!) примероци. Во ред, ќе чуете, ќе видите... Во меѓувреме, Ви го претставуваме впечатокот на Denyken, продуцентот на албумот, најверојатно најдобриот во својот занат во Хрватска... | | 02.05.2008 |  |
|
|
| Литиум Рекордс ја продолжува кампањата БИДИ ВОЛОНТЕР која започна во Декември со MTV Movement. Овој пат ни се потребни 50 волонтери за настаните во месец Мај. Литиум Рекордс се секогаш во потрага по талентирани, одговорни волонтери кои сакаат да допринесат за повисок квалитет на своите настани. Ако сте заинтересирани да бидете дел од овој работен тим пријавете се на следниов e-mail: anastasija@lithiumrecords.com.mk | | 30.04.2008 |  |
|
|
| Во сабота (03.05) сабајле, ко на времето...Ќе си излезете и ќе си купите “Нова Македонија”. Да, да...Нова Македонија! А, во неа-новиот албум на нашите Суперхикси. Албумот ќе излезе во 30000 примероци (најброен тираж во историјата на Македонија!), но Вие за секој случај обезбедете се на време и уживајте во “...И СегаШто???”. | | 29.04.2008 |  |
|
|
| На овогодинешниот Vip Inmusic Festival кој ќе се одржи во Загреб на 3 и 4 Јуни ќе настапат Nick Cave & The Bad Seeds, The Prodigy, Serj Tankian (System Of A Down), Stereo MC’s , Seun Kuti, Amadou & Mariam и многу други звучни имиња од светската музичка сцена. Меѓу нив, како еден од ексклузивните артисти на фестивалот се најавува и Кирил Џајковски. Негови специјални гости ќе бидат неговите сегашни соработници Дуке Бојаџиев и TK Wonder (GAEA). | | 29.04.2008 |  |
|
|
| Бањалучката организација Аквариус ги повикува сите млади музички ентузијасти да се пријават на дeмофест конкурсот.Единствениот услов е да немате издадено ништо за никого! Ќе има учесници од целата бивша држава, ќе се одржи во Август и Септември, па трк на www.demofest.org за сите детали... | | 23.04.2008 |  |
|
|
| Чест ни е да Ви најавиме дека после точно две и пол години работа на новиот албум, нашата група СУПЕРХИКС на 23.04 ќе го промовира првиот сингл ТОА НЕ СУМ ЈАС. Новиот албум ќе се појави недела дена подоцна (наскоро и повеќе детали) Албумот е сниман и миксан кај најпознатиот хрватски продуцент Деникен, а за мастерингот беше задолжен Бред Блеквуд од САД (Evanensence, ZZ Top, Calexico... итн)...
| | 17.04.2008 |  |
|
|
| Третото издание на компилацијата Balkanbeats е почестено во својата листа да ја има и Jungle Shadow на нашиот Кирил.Покрај урнебесниот сингл со кој се отвора нашата веб страна, на компилацијата можат да се сретнат изведувачи од калибарот на Горан Бреговиќ, Shantel, No Smoking Orchestra и многу други.Компилацијата Balkanbeats… | | 15.04.2008 |  |
|
|
| Барот Чакра и Singularity Ви нудат целодневна chill екскурзија во подножјето на Водно на 12.04.Од 13 часот па натаму, ќе имате можност да ја чуете лабавата варијанта на музиката на швајцарскиот артист Master Margheritа.Планирано е поставување на тенди на кои ќе се изложат рачно изработени арт предмети, а ќе има и кавадеречка жолта, домашна.Бујрум... | | 11.04.2008 |  |
|
|
| Во организација на МКЦ, на 19.04 ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на Дисциплина Кичме со наслов “Када Кажеш Музика, на шта тачно мислиш, реци ми?”.Но, недела дена пред тоа, на 12.04 ќе имате можност да ја видите изложбата на Која составена од... | | 11.04.2008 |  |
|
|
| Македонскиот метал хард кор состав SMUT ќе настапи во Бугарија и Романија.Турнејата е потврдена, а за цел има пошироко промовирање на нивното последно изданије “All I Have”.Во прилог ги имате датумите, па ако имате некој од таму да му пуштите абер, слободно... | | 11.04.2008 |  |
|
|
| Новиот број на семејниот “Life” магазин Ви подарува цеде.Оваа вест не звучи сензационално, додека не чуете што има на самиот компакт диск.Всушност, ќе бидете во можност да поседувате носач на звук кој заслужува да се најде во Вашата колекција.Се работи за изведба на композицијата Cuttyhunk на композиторот Тони Китановски, заедно со Македонската Филхармонија.Можеби најдобрата композиција на Китановски, во негов аранжман се изведе на 20.03 во домот на АРМ. | | 09.04.2008 |  |
|
|
| Во прилог Ви нудиме (целосно) оригинален текст, во кој support бендот на нашите Суперхикси од Сплит, Justin Johnson's го споделува пријатното искуство од заедничкиот настап.Ајт, на повеќе... | | 09.04.2008 |  |
|
|
| Живата турбо легенда Аца Лукас викендов ќе настапи во една од околните скопски добро познати дискотеки.Олабавете се од ретро ноќи и убијте го неподносливото исчекување на албумот на Боки со еден од бастионите и единствениот машки, turbo star, кој ќе ја демонстрира својата умешност преку сензационалните сајзерски звуци на Лична Карта, Нисам Преживео, Дијаболик итн... | | 09.04.2008 |  |
|
|
| Популарниот француски пејач со шпанско потекло, Manu Chao, заедно со својот Radio Bemba бенд ќе настапи на главната сцена на овогодинешниот Егзит фестивал во сабота, на 12 ти Јули.Покрај енергичната Juliette Lewis и фуриозниот Eugen Hutz, фестивалската сабота ќе биде предводена од харизмата на една од најголемите глобални ѕвезди... | | 08.04.2008 |  |
|
|
| Никогаш доста од добра лимарија.Онаа, за труби, туби, саксофони, тромбони итн.Оркестарот Серчук, сите (11) од Штип, се тазе тазе банда (7 месеци) која во секоја формација победува, а во недела е во Миднајт... | | 04.04.2008 |  |
|
|
| И по четири месеци, Литиум Рекордс чека одговор од министерството за култура по основ на жалбата принесена до нив од наша страна.Жалбата е во врска со одбиените барања за подршка на неколку наши проекти.Не сакаме да ги притискаме одговорните во овој критичен момент за нашава државичка, но по неколкуте “stand by” одговори (чекајте НАТО, чекајте избори...) непријатното исчекување го споделуваме со Вас... | | 03.04.2008 |  |
|
|
|
На 06.04, Фолтин, настапуваат во RETOXbar.За оригиналноста и квалитетот на битолчаните не треба многу да се објаснува, само повелете во недела на уште една свежа свирка на докажаниот состав.Се гледаме...
| | 03.04.2008 |  |
|
|
| На 04.04 Клубот Кастро повторно почнува со работа.Еве, се докажа потребата на нашиот град од еден ваков клуб.Па, повелете на забава во петок, каде што процветувањето на Вашето омилено место ќе го официјализираат, хмм-младите тетовчани, "Пазарна Инспекција".Се гледаме... | | 03.04.2008 |  |
|
|
|
На 4.04 во “Мала Станица” - во живо Картер, Бут и Деко по вторпат( деби Таксират) ке покажат што е олд скул стрит панк.Премиерно ќе чуете и неколку нови теми кои ќе ви ја подзгаснат жеддта за вистински панк рок...
| | 01.04.2008 |  |
|
|
| Brad Blackwood човекот кој го работи мастерингот на новиот албум на Суперхикс. 6 пати номиниран за Греми, единствен во својата професија, човек кој ја поседува ретката комбинација на мешање на уметноста и технологијата во мастерингот. Во текот на изминатите години работел со најдобрите музички продуценти и sound инжењери, мастерирајки албуми и синглови за многу независни и major артисти... | | 31.03.2008 |  |
|
|
| Американскиот рок бенд Juliette and the Licks, на 12 ти Јули во сабота, ќе настапи на главната бина на овогодинешниот Егзит фестивал.Групата ја предводи прочуената глумица Juliette Lewis, позната по улогите во бројните холивудски филмови, како и по номинациите за наградите Оскар и Греми... | | 31.03.2008 |  |
|
|
| Вчера, 27 март, во Домот на АРМ се одржа концерт на Македонската филхармонија насловен Македонска филмска музика за оркестар, под диригенство на Борјан Цанев на кој беше изведена музика од филмовите Фросина, Волчја ноќ, Јазол, Среќна Нова '49, Како убив светец, , Превртено, Скопски сновиденија и други, а посебно доживување беше изведбата на музиката од Големата вода, Балкан-кан која е изработена од Кирил Џајковски. | | 28.03.2008 |  |
|
|
| |